Пет ситуации кога не треба да пиете вода

9 јануари, 20180
7f95497fb3c43b7e4e7ef50b6a97d675

Се вели дека повеќе не е секогаш подобро, а тоа важи и за водата во овие случаи. Обично водата е сигурен и здрав избор за гасење на жед, ни помага при хидратација, го спречува прејадувањето и ги уништува дополнителните калории.

Меѓутоа, има пет ситуации кога е непожелно да пиете вода:

  1. Кога веќе сте испиле премногу – ако пиете премногу вода, можете да си го уништите здравјето. Оваа појава е ретка, но сепак е возможна. Едно од пореметувањата до дкое може да дојде е пореметување на рамнотежата на солта во вашето тело, што доведува до прениско ниво на антриум или хипотермија. Може да предизвика мачнина, повраќање, напади, дури и смрт, иако е ретка појава.
  2. Кога имате безбојна урина – заборавете на старото правило за осум чаши и погледнете ја вашата урина. Ако течноста е бледо жолта, сте постигнале оптимален статус на хидратација. Ако видите безбојна урина, веројатно треба малку да обрнете внимание на внесување вода во организмот. Од друга стрна пак, темно жолта боја значи дека треба да внесете повеќе вода во организмот.
  3. Кога сте изеле обилен оброк – ако сакате да намалите калории, испијте чаша вода пред оброкот или кога ќе осетите глад, бидејќи водата зазема дел во желудникот и ве држи сити. Но, доколку пиете вода додека јадете или по обилен оброк, голема е веројатноста да дојде до мачнина во стомакот.
  4. Кога сте вежбале долго и интензивно – преку потење губиме многу електролити кои треба да се надокнадат. Но нив не можете да ги најдете во обична вода, а наместо слатките спортски пијалаци, можете да испиете кокосова вода која соджи повеќе потребни електролити.
  5. Кога водата има длатки додатоци – многумина уживаат во вода со додатоци, која има сладок вкус. Но, токму поради тој вкус, таа вода предизвикува глад и зголемување на тежината. Затоа, наместо да купувате пакувани води со вкус, можете во обична вода да додате овошје по ваш избор, со што ќе го постигнете истиот вкус, а ќе биде позраво.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *