ПРАСКАТА е одличен сојузник во борбата против многу БОЛЕСТИ, посебно добра е за МАЖИ!

31 август, 20180
п2

Овошјето кое многу добро влијае на човечкиот организам.

Хранливите материи на праската во целост може да се измерат со нејзиниот пријатен вкус и регенерирачки ефект кој го има во топлите летни денови. Имено, последните научни истражувања покажуваат дека праската може да ја зголеми плодноста кај мажите. Ова е само уште една во низата на добри особини што ова овошје го има врз организмот.

Слатките и сочни праски ефикасно го намалуваат зголемениот крвен притисок, исто така, се корисни за зачувување на добриот вид, меката и еластична кожа и воопшто младалашкиот изглед.

Посебно им се препорачуваат на децата, бидејќи витаминот Б2, со кој се богати, е одговорен за правилниот раст и развој. Освен тоа, праската го подобрува  варењето на посебно тешката и мрсна храна, бидејќи го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и ја спречуваат мачнината и гадењето.

Праската има и силен диуретски ефект, го чисти организмот, а исто така и терапевтски дејствува во случај на канцер. Ова овошје изобилува со антиоксиданси, од кои најмногу содржи бета-каротин, витамин Ц и селен.

Исто така, праската поволно делува на функционирањето на имунолошкиот систем, работата на штитните жлезди и заштитата на срцето. Помага кај депресија, умор и нервоза. Го редуцира количеството на штетни соединенија кои предизвикуваат појава на ревматски заболувања.

Постојат повеќе од 2.000 видови на праска настанати со вкрстување, но сите видови содржат многу нутритивни материи, а се многу нискокалорични.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *