ПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ ЗНАЦИТЕ НА ДЕПРЕСИЈА! ДЕПРЕСИВНИТЕ ЛУЃЕ СЕ ПОВЕЌЕ ФОКУСИРАНИ НА СЕБЕ: Научниците дојдоа до НОВО сознание!

1 ноември, 20180
depresija

Депресивните луѓе значително повеќе користат заменки во прво лице еднина , како што се „мене“, „себе“, „јас“ и многу помалку второ и трето лице. Ова покажува дека тие се повеќе фокусирани на себе, а помалку на другите. Ова е еден од главните показатели за оваа непријатна ситуација.

Депресијата менува сè, од интеракцијата со луѓето до изразување преку говорот и пишувањето. Научниците долго се обидувале да ја одредат врската помеѓу депресијата и јазикот, а технологијата им помогнала во тоа.

Денес, анализата на јазикот се прави со помош на компјутер и овозможува обработка на големи количини на податоци за неколку минути. Ова може да помогне во откривањето на јазичните карактеристики што може да бидат незабележани од човечкото око, на пр. компјутерот го пресметува процентот на фреквенцијата на одредени зборови, ги класифицира, изучува јазична разновидност, просечната должина на реченицата, граматичките обрасци итн.

Луѓето кои страдаат од депресија премногу ги користат зборовите кои изразуваат негативни емоции, особено оние како придавките и прилозите како “осамена, тажна, мизерна”. Покрај тоа, тие користат значително повеќе лични заменки во прво лице еднина, како што се „мене, себе, јас“. Тие значително помалку користат заменки во второ и трето лице. Овој образец предупредува дека депресивните луѓе се повеќе фокусирани на самите себе, а помалку на поврзувањето со другите. Истражувачите велат дека заменките се всушност посигурен показател за депресија отколку негативните емоции. Познато е дека затворањето во сопствените проблеми и социјалната изолација се чести индикатори за депресија.

Сепак, не е многу јасно дали депресијата влијае на тоа луѓето да се свртат кон себе или тоа што се фокусирани на себе води кон депресија. Истражувачите исто така обрнаа внимание на стилот на јазикот, на начинот на кој луѓето се изразуваат. Студираа текстови од 64 различни форуми на теми поврзани со менталното здравје. Тие обработуваа податоци од повеќе од 6400 членови.Издвоија т.н. апсолутни зборови чиј износ се зголемил за околу 50% кај луѓе кои страдаат од анксиозност или депресија, па дури и 80% од луѓето кои размислуваат за самоубиство. Ова се зборови како “секогаш, ништо, целосно”. Апсолутистичките зборови беа застапени исто колку и заменките кај  депресивните луѓе, додека зборовите што изразуваат негативни емоции беа парадоксално помалку застапени кај луѓето склони на самоубиство отколку кај другите.

Истражувањето ги имаше опфатено и форумите во кои  луѓето кои се опоравуваа од депресија пишуваа позитивни и поттикнувачки мислења. Во нив, имаше 70% повеќе зборови кои изразуваат позитивни емоции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi