Природни намирници против болка во грлото

30 март, 2018
3

Без оглед на тоа дали болките во грлото се последица на бактеријска или вирусна инфекција, јака настинка или пак механичка иритација од сув воздух, ладни пијалоци, гласно пеење или викање, овие тегоби можете да ги ублажите така што најпрво ќе си направите топла лимонада во која ќе измешате една лажица мед и ќе ја пиете полека, голта по голтка. Еден од старите народни лекови е да загреете чиста памучна пелена, да ја натопите во алкохол, да ја посипете со бибер и да ја заврзете околу вратот.

Солена вода – Во чаша со вода (200мл) измешајте една лажица морска сол (може и обична ако немате морска). Пијте од течноста голтка по голтка додека не ја потрошите подготвената количина. Постапката повторувајте ја неколку пати во текот на денот.

Желе од лимон и мед – Медот се користи како лек за воспалено грло бидејќи има антибактеријски својства. Кога ќе му додадете лажиче лимон и ѓумбир ќе добиете желе кое помага во отстранување на болката во грлото. Доволно е една лажица од желето да измешате во чаша со врела вода. Желето можете да го чувате во фрижидер неколку месеци. Може да му додадете и малку рендан рен, листови од сува жалфија или нане, и две до три чешниња лук.

Лук – Природен антибиотик кој ги уништува бактериите, вирусите, па дури и габите. Штом почувствувате гребење во грлото, превентивно изедете неколку чешниња лук. Од него можете да подготвите и ефикасно средство за лекување на болките во грлото. Во чаша превриена и изладена вода додадете неколку чешниња изгмечен лук. По неколку часа исцедете го. Добиената течност гаргарајте ја во грлото неколку пати во текот на денот.

Рен – Во чаша со топла вода додадете една лажица изрендан рен и една лажица мед. Добро измешајте и пијте голтка по голтка.

Јаболков оцет – Кога ќе се појават првите симптоми на воспаление на грлото се препорачува да направите испирање на грлото со јаболков оцет. Во чаша со топла вода измешајте три лажици оцет, и направете гаргара.

Сируп од кромид – Во тегла редете парчиња кромид, лимон, и една лажица мед се додека не ја наполните до врвот. Оставете ја да отстои на темно и ладно место околу 10 часа, се додека кромидот не пушти сок. Исцедете ја во темно шише и земајте по една лажица на секои два часа.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi