Промени на градите кои не смеете да ги игнорирате!

28 јули, 20200
4

Било каква промена на градите може да биде знак за рак, па доколку нешто забележите, веднаш посетете доктор. Некои знакови никако не треба да ги игнорирате, а ние ви откриваме кои се тие.

1. Топче на градите- Меката маса која помрднува под вашата кожа веројатно е циста исполнета со течност. Ако е топката цврста веројатно е бенигна промена, но секако обратете се кај лекар.

2. Осип на брадавиците- Трагови кои потсетуваат на убоди од инсект, црвенило или осип, а кои не поминуваат ни по неколку седмици, можат да бидат облик на рак на дојка.

3. Набрана кожа на градите– Ако ткивото стане набрано како кожата на портокалот, тоа може да биде знак на затнат лимфен чвор, што укажува на рак на дојка.

4. Лузна која менува боја– Ракот на кожа најчесто се јавува на нозете, но и градите можат да бидат мета на таа болест.

Покрај редовен самопреглед , обавезно потсетувајте го својот гинеколог на ги прегледа и вашите гради!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *