Шеќерот влијае на психичката состојба кај луѓето

4 јули, 20180
6

Преголемото конзумирање на слатки доведува до здравствени проблеми како што се дебелеење и дијабетис од типот 2. Според најновите
истражувања, негативните последици од конзумирање на шеќерот се депресија, зависност, анксиозност и намалување на меморијата.

Истражувачите го поврзале конзумирањето на шеќерот со зголемен ризик од депресија, а најлошиот резултат може да биде шизофренијата. Шеќерот, исто така, предизвикува и
хронични воспалувања кои влијаат врз ослабување на имунитетот, функциите на мозокот и останатите органи кои се поврзани со депресијата. Интересно е што највисоко ниво на
депресија имаат земјите во кои е забележана најголема потрошувачка на шеќер.

Иако контрадикторни, голем број докази укажуваат на создавање зависност од шеќерот.

Дрогите и шеќерот го полнат мозокот со допамин. Истражувачите од Универзитетот Јејл откриваат дека само обичен поглед на еден сладок милкшејк ги активира истите делови во
мозокот како и помислата на кокаин кај луѓето кои се зависни.

Шеќерот може да предизвика замаглен поглед, проблеми со концентрацијата, а се тоа може да се опише како напад на паника, односно зголемено чувство на страв или грижа. Шеќерот
може да ја направи анксиозноста уште понепријатно чувство.

Диетата и исфрлувањето на шеќерот нема да ја излекува анксиозноста, но можат да ги намалат симптомите и да ја
подобрат способноста на телото да се бори со стресот.

Истражувачи од Универзитетот во Лос Анџелес со пример демонстрирале како зголеменото конзумирање на шеќер може да влијае врз губење на паметењето за само шест недели.
Имено, тие им давале на експерименталните глувци течност со фруктоза наместо обична вода, по што животните го заборавале патот по кој би избегале.

– Внесувањето на големо количество шеќер во организмот ја менува функцијата на мозокот и неговата способност да ги учи и памети информациите, изјави професорот Фернандо Гомез-Пиниља.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi