Сите стрии не се исти,бојата открива една многу важна работа

5 февруари, 20180
7

Можеби ги немате, па не знаете дека стриите се доста честа појава. Тие се пасивни лузни на кожата во вид на линии кои настануваат како последица на истегната кожа. Во што е разликата помеѓу црвените и белите стрии?

Стриите обично се појавуваат како последица на бременост или зголемување на тежината, а најчесто место за појава се бутините, стомакот, градите, задникот и рацете. Промената на телесната тежина, бодибилдингот, последици од хормонално пореметување… сето тоа создава пукнатини на дермалниот слој. Оваа состојба обично се појавува во вида на црвено – лилакови лузни или дисколорација која се појавува во деловите каде што кожата е истегната. Се смета дека 90% од трудници, 70% адолесценти и 40% малолетници имаат стрии.

Црвени стрии

Тоа се првите знаци на истегната кожа. Оваа врста лузни ги покажува крвните садови затоа имаат и црвена боја. Бидејќи се во фаза на создавање, тогаш е најдобро да се лекуваат. Најголемиот дел од нив ќе се изгубат со употреба на креми кој го обновуваат колагенот на кожата. Ласерските третмани исто така помагаат при обнова на клетките на кожата и намалување на лузните.

Белите стрии

Овие лузни покажуваат дека еден дел од кожата бил подолго време растегнат. Белите лузни се подолго време на кожата и не може да се излечат со ниту еден третман. Микродермоабразијата е третман со кој може само да се подобри текстурата на кожата и да и овозможи полиран изглед. Сепак, било кој третман не може да го обнови колагенот на вашата кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi