Со масло од оригано уништете ги бактериите

16 мај, 20180
8

Во текот на трите студии спроведени од страна на д-р Пол Белајк потврдено е дека маслото од оригано убива 92 % од бактерии, како стафилококи, па дури и 96 % од пневмококи. Оригано е медитеранско растение тоа е самоник и се смета за едно од најлековитите растенија во светот. Посебно ценето по своето масло, кое се добива од диви видови оригано со посебен процес на дестилација за да се зачуваат сите лековити својства Постојат повеќе од 40 видови на оригано. Во кујната најчесто се користи Origanum vulgare Сепак, најлековит вид се смета маслото од Minutiflorum Origanum, кое содржи до 90% од активната состојка на лековитиот карвакрол .

Медицински највредната лековита супстанција во маслото од оригано е карвакрол – состојка која има силни антибактериски својства. Британските научници во истражувањата потврдија дека маслото од оригано е ефикасно против 25 различни бактерии. Ефикасно е против повеќето бактерии кои предизвикуваат инфекции на дебелото црево и инфекции на уринарниот тракт, тифус, колера, чиреви и инфекции на кожата. Покрај тоа што ги уништува бактериите, масло од оригано има силно антивирусно дејство и ефикасно штити против грип, настинки, сипаница, заушки и исипи. Докази за лековитите својства на ориганото има се повеќе. Помеѓу 52 растенија кои се тестирани, само маслото од оригано делувало на Candida albicans, Е-coli, салмонела и Pseudomonas aeruginos.

Маслото од оригано делува на многу видови на бактерии, вируси и габи кои го менуваат обликот и го отежнуваат лечењето.

Агресивно антигабичните својства на маслото од оригано ги спречуваат упорните инфекции, како што кандидијаза, габа на нокти и коса, и микоза.

Кај кандидијаза маслото се пие, а кај габи на ноктите може да се примени на локално ниво.

Во случај на габа на скалпот што предизвикува првут се препорачува да додадете неколку капки во текот на шампонирањето.

Маслото од оригано содржи рузмаринска киселина, која е моќен антихистаминик и повеќе моќен антиоксиданс од витаминот Е.

Рузмаринската киселина најчесто се користи во третманот на алергии, астма, ревматоиден артритис и гингивит.

Самото инхалирање со ова масло помага при алергии.

Маслото од оригано има моќ да ги неутрализира отровните каснувања од пчели, змии и пајаци. Ова го прави непроценлив за прва помош во такви ситуации.

Тоа е исто така ефикасно за спречување на инфекција, намалување на воспаление и болката од убодни рани и животински каснувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi