Студенти имате проблем со концентрацијата? Веднаш во кујна по овој зачин!

31 мај, 2018
9

Доколку концентрацијата ви паѓа, а морате да бидете во топ форма и да се посветите на учењето, знајте дека решението е на неколку чекори од вас- во вашата кујна. Прескокнете го фрижидерот и упатете се во вашата кујна, онаму каде што ги чувате зачините.

Вдишувањето на мирис од рузмарин може да ја зголеми точноста и брзината при извршување на одредени ментални задачи. Истражувањето објавено во магазинот Therapeutic Advances in Psychopharmacology покажува дека луѓето кои се изложени на мирис од рузмарин побрзо и поточно ги решаваат задачите.

Затоа студенти веднаш во кујна, земете гранчиња рузмарин, ставете ги на масата каде што учите и олеснете си ги студентските денови.