Три важни причини зошто мора да престанете да седите со прекрстени нозе

12 март, 20180
0

Седењето со прекрстени нозе е најчеста поза која во текот на денот многупати ја заземаат повеќето жени. Но, елегантното седење е тесно поврзано со бројни промени во телото кои никако не му одат во корист на нашето здравје. Ви донесуваме неколку добри причини оваа навика да ја сведете на минимум.

Го зголемува крвниот притисок

Бројни истражувања го поврзале седењето со прекрстени нозе со зголемениот крвен притисок. Дури и ако немате проблеми со притисокот може да почувствувате промени кои негативно влијаат на циркулацијата.
Имено, кога ќе ја префрлите едната преку другата нога притисокот на долниот екстремитет праќа поголемо количество крв во градниот кош, односно кон срцето поради што крвниот притисок расте.

Предизвикува болки во колковите и грбот

Лицата кои често ги држат нозете прекрстени со тек на времето можат да почувствуваат значајни болки во грбот. Болките се појавуваат причински-последично, а се поврзани со положбата на коските на карлицата.

Имено, во текот на седењето со прекрстени нозе карлицата зазема неприродна положба па се поместува кон напред или настрана. Положбата на карлицата се врзува со мускулот на грбот кој се затегнува и кочи па може да предизвика силни болки во делот на грбот и колковите.

Има влијание на проширените вени

Седењето со прекрстени нозе значајно ги зголемува шансите за развој на проширените вени. Иако настанувањето на вените е најтесно поврзно со генетиката, прекрстувањето на нозете во текот на денот им прави притисок на вените кои се преполни со мали крвни садови и капилари.

Притисокот на истите го забрзува протекот на крвта кој ги проширува вените и го менува нивниот облик поради што тие стануваат отечени и видливи, што долгорочно може да стане голем проблем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *