Во борба против сонцето: 5 работи кои ќе ги ублажат изгорениците

11 јули, 20180
12

Иако на секој чекор има потсетници за нанесување на крем за заштита од сонце, сепак многу луѓе не успеваат доволно да се заштитат и повторно горат.

vo-borba-protiv-sonceto-5-raboti-koi-kje-gi-ublazhat-izgorenicite-001.jpg

Меѓутоа, овие 5 совети брзо ќе ги излечат изгорениците, па ќе имате совршен тен побрзо отколку што мислите:

1. Лосион за тело

Нанесете го омилениот лосион за тело на целото тело, но особено внимание обрнете на црвените делови. Уште подобро ако тој содржи алое вера, бидејќи тоа ќе ви ја смири кожата и ќе спречи нејзино лупење.

2. Избањајте се

Доколку во вашата редовна купка додадете само неколку нови состојки, вашата кожа ќе ви биде исклучително благодарна. Додајте јаболков оцет за да ја вратите во нормала pH вредноста на кожата, сода бикарбона за намалување на иритација и црвенило и есенцијално масло за ублажување на болката.

3. Пијте течности

Кога ќе изгорите, вашата кожа е сува и дехидрирана, па мора да се хидратизирате. Пијте течности за да го освежите и хидратизирате целиот организам, а најдобро е да пиете ладна негазирана вода.

4. Чајни кесички

Кесичките од свежо сварен чај се одлични во борбата со изгорениците од сонцето. Нанесете ги на изгорениците или поставете сува крпа на изгорениците, па врз неа кесичките. Црниот чај е исклучително препорачлив, бидејќи ја извлекува топлината од изгореницата и ја враќа нормалната pH вредност на кожата, а и чајот од нане е одличен бидејќи дополнително ќе ве разлади.

5. Краставици

Веќе знаете колку се добри за подочници, но можеби не знаете дека го ублажуваат црвенилото од изгореници. Користејќи блендер направете паста од краставици и потоа нанесете ги на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi