16 јули, 2019

Радио

Вчера се случи најголемиот прекин во работата на Facebook во историјата.

Корисниците од целиот свет почнаа да известуваат за потешкотиите што се случија вчера – среда попладне, а целата работа траеше дури 14 часа. Беа пријавени разни проблеми – корисниците не можеа да коментираат или објавуваат содржини, а некои дури и не можеа да влезат во апликацијата. Со проблемите се сретнаа и другите апликации поврзани со Facebook – WhatsApp и Instagram. Kорисниците на Instagram кои помислија дека нешто не е во ред со нивниот мобилен телефон, ја избришаа и повторно ја преземаа апликацијата, повеќе не можеа да влезат на нивниот профил.

Сè уште не е познато што е причината за овој проблем, но можеби најсмешната работа во целата приказна е дека Facebook сега е принуден да им се обраќа на своите корисници преку Twitter, а хаштаговите #FacebookDown и #InstagramDown se „trending“ на Twitter цел ден.

“Ние сме свесни дека некои корисници имаат проблеми со користење на апликациите на  Facebook семејството. Работиме на тоа да го решиме проблемот што е можно поскоро.” – објави Facebook на Twitter. Tие подоцна напишаа уште еден Twit во кој ги информираа корисниците дека сè уште работат на потешкотиите, но можат да потврдат дека не станува збор за хакерски напад. Во меѓувреме, Twitter гори со шеги од своите лојални корисници и бегалци од Facebook и Instagram, кои сега мораа да дојдат на Twitter за да дознаат што се случува.

Остави коментар

Почетна // хај-тек // интернет // Facebook е принуден да бара помош од својот најголем ривал Twitter
Горе