Како изгледа уметничка галерија во песочна дина?

22 јануари, 20190
936x695_0xac120002_16657557081544708893-790x587

Необична галерија се отвори во Кина.

Пекингшкото архитектонско биро OPEN Architecture го заврши проектот на музејот во песочната дина на плажата Qinhuangdaou во североисточниот дел на Кина.

На тивок брег на заливот Bohai Bay во Кина, беше отворен необичен музеј UCCA.

Архитектонското биро OPEN Architecture, предводено од Ли Ху, му посвети три години на експерименталниот проект.

10 галерии и кафулиња се наоѓаат буквално под песокот во зграда која наликува на пештера – најраната форма на засолниште за луѓето.

„Ѕидовите на древните пештери служеа како платно за првите уметнички дела“, додава Ли Ху.

Кружните отвори од различни страни на зградата даваат природна светлина и обезбедуваат фантастичен поглед кон небото и морето кои ја менуваат бојата во текот на денот.

Покривот на објектот е покриен со песок, кој  овозможува да се лади внатрешноста во текот на летото.

Првата изложба After Nature беше отворена за јавноста во октомври оваа година.

Тие наскоро планираат да изградат уште една уметничка галерија поблизу до морето, која истовремено ќе служи како резиденција за уметници и креативно студио.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi