Брз колач со мед

21 јануари, 20190
GettyImages-513227589

Топол и сладок, на масата за помалку од еден час!

Ви претставуваме лесен рецепт за колач со мед, погоден и за почетници.

Состојки има малку, лесен е за правење, и брзо се пече!

Состојки:

260 грама брашно

лажичка прашок за пециво

165 грама шеќер

125 милилитри мед

155 грама маргарин

три јајца

180 грама јогурт

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Топете го маргаринот во тенџере додека не стане течен.

Во еден сад измешајте го брашното, прашокот за пециво и шеќерот, а во друг маргаринот, јајцата, медот и јогуртот.

Додадете ја сувата мешавина со бавно мешање додека не добиете една смеса.

Печете во подмачкана тепсија, или сад за куглоф, околу 30 минути.

При послужување, посипете малку мед врз површината со лажичка, а ако сакате, додадете топка сладолед од ванила од страната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *