Чоколаден мозаик

17 јануари, 20190
мозаик

Ќе ве освои при првиот залак.

Состојки:

200гр. бело чоколадо

200гр. млечно чоколадо

400гр. кисела павлака (20% млечна маст)

2дл. слатка павлака

10гр. желатин

1дл. вода

½ лажичка кафе

100гр. бисквити

Подготовка:

Ставете го желатинот во ладна вода за да набабри. Во два сада стопете ги белото и темното чоколадо, секое со 1 дл слатка павлака.  Во стопеното чоколадо додадете желатин и добро мешајте за да се стопи желатинот. Во топлото чоколадо додадете по 200 гр. павлака. Додадете кафе во темниот дел. Дното на  калапот наредете го со бисквити потопени во млеко.

Истурете (смесата ќе биде доста ретка) наизменично од белата и темната смеса. Чувајте го неколку часа во фрижидер за да се  зацврсти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *