Идеја за појадок: Јајца во домати
27 мај, 20190
Јајцата се одличен избор за појадок кој ќе ви даде доволно енергија за целиот ден.
Еве еден интересен рецепт.
Ако омлетот ви се здосади, тука е едноставниот рецепт за појадок кој ќе ве засити.
Состојки:
- Лажица маслиново масло
- Четири средни домати
- Четири јајца
- 30 милилитри млеко
- Малку рендан пармезан
- Сол и бибер по желба
- Две лажички свежо исецкани зачини што ги сакате (магдонос, босилек …)
Подготовка:
Рерната треба да се загрее до 180 степени, а тепсијата да се премачка со маслиново масло.
Користејќи помал, остар нож, отстранете ги корените од доматите, а потоа со лажичка издлабете ја внатрешноста.
Во секој домат, скршете по едно јајце, врз кое ќе ставите една лажица млеко и лажичка пармезан. Посолете и ставете бибер по желба.
Печете во загреана рерна додека јајцата не бидат готови, 15 или 17 минути.
Почекајте пет минути за да се излади, посипете со свежо исецкани зачини и сервирајте ги топли.