23 јули, 2019

Радио

Еве одлична идеја за здрав појадок!

Понекогаш на сите ни треба идеја за тоа што да подготвиме за јадење, па еве ви идеја, пробајте го новиот рецепт!

Состојки:

Две чаши брокула

Едно чешне лук

Чаша пармезан

Едно јајце

Лажица маслиново масло

За полнење:

250 грама издробено сирење

Половина лажичка сол

Две лажици магдонос

Три лажици босилек

Подготовка:

Сите состојки – брокула, кромид, пармезан, јајце и маслиново масло – ставете ги во сад и изблендирајте ги.

Откако ја добивте соединетата смеса, ставете ја во калап за проја и обликувајте ги корпичките со рацете така што ќе имаат вдлабнатина за полнење.

Печете околу половина час на 180 степени Целзиусови.

Во меѓувреме, измешајте го издробеното сирење, солта, магдоносот и босилекот во чинија и добро соединете ја смесата.

Кога корпичките ќе се испечат, со лажица ставајте од смесата за полнење во вдлабнатините на корпичките.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Корпички со брокула и сирење
Горе