Рецепт на денот: Сладолед од банани и кикирики
21 мај, 20190
Овој вкусен сладолед од банана и кикирики, се подготвува многу лесно и е идеално освежување за време на топлите летни денови.
Состојки:
- 3 зрели банани
- 2 лажички јаворов сируп
- 3 лажички путер од кикирики
Подготовка:
Излупете ги бананите, исечете ги на кругчиња и замрзнете ги. Следниот ден, ставете ги бананите во блендер и додадете малку вода. Мешајте ги додека да добиете структура на пире. Додадете ги јаворовиот сируп и путерот од кикирики, повторно се мешајте и вратете сѐ во фрижидерот.
Сладоледот декорирајте го со кикирики и полијте го со јаворов сируп.