ТОПЛО ЧОКОЛАДО СО ЧИЛИ: Невообичаена комбинација на слатко и луто
23 јануари, 20190
Чоколаден пијалок со остар вкус на чили и арома на рум – зошто да не?
Потребно е само десет минути да се подготви пијалок за да ги воодушеви оние со посебен вкус.
Состојки
- 100 гр чоколадо
- 5 дл млеко
- 2 ванила стапчиња
- 2 лажици мед
- 10 гр мелено чили
- 2 гр сол
- 5 дл рум
Подготовка
Загрејте го млекото, ставете ја ванилата и оставете го да отстои 10 минути.
Процадете, додадете искршено чоколадо и 1,25 дл вода, а потоа повторно загрејте го млекото со мешање.
Кога целото чоколадо ќе се стопи, додадете мед, сол, чили, рум и добро промешајте.
Овој пијалок се служи топол.