Вкусна експлозија за строгиот пост: Направете сами домашно гвакамоле
22 април, 20190
Сосот гвакамоле е веројатно најпознатиот оброк од авокадо и може да се јаде како сос или салата. Постојат различни рецепти за ова јадење, а еве еден одличен.
Состојки:
- Едно авокадо
- ½ зелен лимон
- ½ лажичка сол
- ½ кромид
- 1 ½ лажичка свеж магданос или доколку можете да најдете свеж коријандер
- 1 поголем домат
- 2 чешниња лук
- Цили пиперчиња по вкус
• Во сад со средна големина измешајте го авокадото, сокот од лимон и солта. Измешајте, а потоа додадете го кромидот, магдоносот, доматот и лукот исецкани на коцки, како и мелениот пипер.
• Кога се добро ќе измешате, нека остане околу еден час во фрижидерот, за да има подобар вкус.