За мрзливо попладне: Бисквит колач со кокос

10 јануари, 20190
кол2

Чај или кафе со бисквитни коцки со кокос – одлична комбинација!

Доколку непланирано ви дојдат гости, или едноставно сакате брз десерт, подгответе ги овие едноставни и сочни коцки со кокос. Оладете ги добро пред да ги исечете, а остатокот спакувајте го во пластичен сад со капак и чувајте ги за следниот ден.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 150гр. шеќер
  • 100гр. маргарин
  • 100гр. кокосово брашно
  • 4 лажици сок од портокал
  • 1 лажица прашок за пециво

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Садот со четвртаст облик (20 x 20 см) или калапот за торти, премачкајте го со маргарин и набрашнете го.
  2. Со миксер изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Додадете го омекнатиот маргарин, кокосовото брашно и сокот од портокал, па повторно кратко матете.
  3. На крајот, додадете го брашното помешано со прашокот за пециво и измешајте се со дрвена лажица
  4. Истурете го тестото во подготвениот сад и печете околу половина час. Извадете го колачот откако со чепкалка за заби ќе боцнете во средината на колачот и ќе излезе чиста.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *