Со овој тренинг од 30 минути ќе го подготвите вашето тело за плажа

22 јули, 20200
vv

Можеби не сте свесни, но летото е веќе зад аголот и крајно време е да го доведеме нашето тело во ред, ако сакаме да изгледаме одлично во костим за капење. На многумина од нас, во текот на зимата ни се случи да добиеме неколку килограми плус, а ова го  забележавме кога ги извадивме пролетните парчиња од плакарот и сфативме дека не ни стојат како минатата година. Значи, сега кога алармот е активиран, време е да работиме на телото.

За успешно да се ослободите од вишокот килограми, прво мора да ја поправите вашата исхрана. Најважно е во својата исхрана да го воведете сезонското овошје и зеленчук, и збогатете го менито со разни шејкови и салати. Рибата и пилешкото нека ви бидат основен извор на протеини. За целосно да го прочистите телото, не заборавајте да пиете колку што е можно повеќе вода и да ги отстраните газираните пијалаци. Кога ќе ја ставите вашата исхрана во ред, време е да воведете секојдневен тренинг. Тренингот мора да се прилагоди на состојбата на вашиот организам и вашите тековни способности, бидејќи само така ќе имате соодветни ефекти. Не можете вашето тело да го доведете до совршенство преку ноќ, навистина е важно да започнете да се подготвувате навреме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi