22 ноември, 2019

Радио

Едноставна пита за подготовка, а едно парче има само 70 калории.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 200гр. незасладено пире од јаболки
  • 60 гр. интегрално брашно
  • 20 гр. какао за колачи
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • Засладувач по желба
  • Малку екстракт од ванила по желба

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 Целзиусови степени.

Во сад нежно измешајте ги пирето од јаболко и јајцата. Додадете брашно, какао, прашок за пециво, засладувач по желба и можеби малку ванила.

Сè убаво измешајте.

Садот за печење обложете го со хартија за печење и подмачкајте ги краевите со масло.

Ставете го тестото во калапот и печете околу 35 минути.

Остави коментар

Почетна // Uncategorized // Превкусна, а не дебелее! Здрава чоколадна пита со јаболка која ќе ја обожавате!
Горе