19 мај, 2019

Радио

Време за подготовка: 35 минути

Калории: 337 cal

Маснотии: 12g

Јаглени хидрати: 43g

Протеини: 11g

Состојќи за две лица:

  • 2 лажици масло
  • 1 кромид, ситно сецкан
  • 1 кг. компири, излупени и исечени  на тенки плочки
  • Сол
  • Бибер
  • 5 јајца
  1. Во тава за печење на масло пропржете го кромидот. Додадете ги компирите, малку сол и бибер. Полијте ги со вода и гответе на тивок оган додека компирот не се свари.
  2. Во меѓувреме, во поголем сад изматете ги јајцата и додадете малку сол и бибер. Потоа додадете ги компирите и полека мешајте.
  3. Вратете ја смесата во тавата и оставете ја на средна висока температура 5-7 минути.
  4. Преместете ја тавата во рерната и печете ги тортилите 3-5 минути.

Остави коментар

Почетна // Uncategorized // Шпанска тортиља
Горе