Urban Decay лансираше Game of Thrones линија и сакаме буквално сѐ!
2 април, 20190
Веќе се навикнавме дека Urban Decay на пазарот лансира палети и производи кои значително ја зголемуваат нашата листа на желби, а исклучок не е ниту последната линија, инспирирана од една од најинтересните серии во последниве години и чија последна сезона конечно ќе започне да се емитува за помалку од две недели.
И мораме да признаеме, со еднаква нетрпеливост го чекаме расплетот на супер возбудливата серија, како и да доаѓањето на пазарот на оваа линија.
Кога станува збор за вакви производи, дали навистина постои цена која не сме подготвени да ја платиме?