Бремена тинејџерка и нејзиниот сопруг ограбиле куќа: Следела полициска потрага која завршила трагично

12 февруари, 20190
par

Во саботата ги бркаа девет полициски автомобили и хеликоптер низ западен Лондон… Тинејџерка во нејзината доцна бременост и нејзиниот сопруг починаа откако со автомобилот удриле во автобус, додека ги бркала полицијата. Патрик МекДонаг (19) и неговата сопруга Шон (18) само што се венчале. Во саботата девет полициски автомобили и хеликоптер ги бркаа низ западен Лондон.

Двојката почина откако автомобилот се удри во автобус, по возење на погрешна страна на патот.

Полицијата ги бркала откако почнале да бегаат по грабежот. Со нив имало уште еден маж, кој ја преживеал несреќата, но се здобил со сериозни повреди.

Тие влегле во куќата, со нож и штрафцигер заканувајќи им се на сопствениците дека ќе ги повредат доколку не ги предадат своите скапоцени работи. Потоа избегале со парите и накитот, но  полицијата за кратко време ги лоцирала. Полицијата соопшти дека не ја предизвикале несреќата и дека грабежот и несреќата се третираат како два посебни случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi