Детето кое се изгуби во пустината е пронајдено после 24 часа! Приказната за момчето (5) го шокираше светот

20 март, 20190
dete

Детето е хоспитализирано поради блага дехидрација.

Петгодишното дете кое беше изгубено за време на семејното патување е пронајдено живо и здраво, откако помина 24 часа во пустина западно од Аргентина, велат спасувачите.

Властите на провинцијата  Сан Хуан и илјада волонтери ја започнаа истрагата, а детето го пронајде поранешен моторџија на релито Париз-Дакар, 21 километар подалеку од местото каде што било видено за последен пат.

Детето е хоспитализирано поради блага дехидрација, но вчера е пуштено дома.

„Беше студено, спиев лошо, потпрен на карпа”, изјави момчето за медиумите, додавајќи дека пиел вода од потокот и ја јадел тревата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *