Група луѓе ја соблекоа својата облека, па легнаа едни преку други: Ова е протест, сакаат да укажат на голем проблем

4 декември, 20190
barca

Десетици активисти за права на животните организираа гол протест во центарот на Барселона, обвинувајќи ја модната индустрија за суровостa спрема животните.

Демонстрантите од групата Anima Naturalis беа снимени како лежат голи полиени со црвен сос на плоштадот Каталонија за да го симболизираат колењето и малтретирањето на животните што се користат во производството на крзно и кожа облека.

– Над 60 милиони животни се жртвуваат секоја година за индустријата за крзно. На фармите за крзно, животните целиот живот го поминуваат во мали кафези. Овие животни се сѐ уште живи, така што чувствуваат како им се отстранува кожата од нивното тело – рече Кристина Ибанез, координатор на Anima Naturalis од Барселона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *