Мобилниот телефон буквално му го спаси животот! Нападнат е со смртоносно оружје, но уредот го спречи

14 март, 20190
tel 2

Мобилните телефони се многу корисни, а понекогаш буквално можат да ви го спасат животот – како што беше случајот со еден човек од Австралија.

43 годишен маж бил нападнат од друг човек, кој носел лак и стрела и дошол во конфликт со него пред неговата куќа.

Кога човекот го извадил телефонот за да го сними напаѓачот, тој истрелал накај него – но стрелата завршила во телефонот!

Полицијата соопшти дека стрелата поминала низ телефонот и стигнала до неговото лице, оставајќи му мала исекотина. Вооружениот човек подоцна бил уапсен. Конфликтот се случил во Нов Јужен Велс во близина на Бризбејн. Полицијата соопшти дека мажите се познавале, но не откриваат повеќе детали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *