24 јуни, 2019

Радио

Тој не можеше нормално да оди, да ја користи бањата, па затоа и не одел во училиште.

Аја Перман од Индонезија, некогаш беше најдебелото момче во светот и имаше речиси 200 килограми на само 13 години.Тој не можеше да оди нормално, да ја користи бањата, па затоа и не одел во училиште. Тој е најмладиот човек на кој му е направен хируршки зафат за намалување на желудникот, а со строга диета исчисти дури 106 килограми.

Меѓутоа, тој сега има нов проблем – по губењето на тежината му остана „кожа која виси“, која сега ќе биде отстранета по  хируршки пат.

Тој сега здраво се храни – риба, зеленчук, овошје и вели дека е среќен бидејќи може повторно да ужива во активности во кои предходно не можеше.

Остави коментар

Почетна // вести // На 13 години имал 206кг: Најдебелото момче на светот ослабе, но видливи се последиците на неговото тело
Горе