Најголем астероид во последните 30 години ја погоди Земјата! Ова никој не го забележа – еве и зошто!

18 март, 20190
asteroid

Огромен астероид експлодирал во атмосферата на Земјата во декември, објави НАСА.

Експлозијата е втора по големина во последните 30 години – додека најголемата беше во Русија во Чељабинск пред 6 години.

Астероидот помина незабележано, бидејќи паднал над Беринговото Море, во близина на рускиот полуостров Камчатка. Експлозијата била со сила како 10 те атомски бомби фрлени во Хирошима.

Линдзи Џонсон, научник од НАСА, рече дека само 2 или 3 вакви астероиди паднале на Земјата за 100 години.

Астероидот влегол во атмосферата на нашата планета на 18 декември со брзина од 32 километри на час – а експлодирал на височина од 25,6 километри над земјата. Астероидот го детектирале американските воени сателити. НАСА од Конгресот во 2005. година доби задача до 2020. година да ги открие сите поголеми астероиди кои се наоѓаат во близина на Земјата. Сепак, научниците велат дека ќе им требаат уште најмалку 30 години за да ја завршат работата.

Сепак, овој астероид над Беринговото Море ни покажува дека големите „вселенски карпи“ може да нѐ удрат и без предупредување. Затоа, НАСА планира да испрати телескоп NeoCam во универзумот кој ќе ги детектира сите астероиди поголеми од 140 метри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi