Научниците предупредуваат: Ако ја видите оваа риба треба да ја убиете веднаш

16 октомври, 20190
fish

Неодамна беше забележана во американската држава Џорџија. Откако е откриена, јавноста во Џорџија е предупредена да ја убијат секоја единка што ќе ја забележат.

– Убиј те ја веднаш. Не ја пуштајте – се наведува кратко и јасно во упатството на Институтот за природни ресурси и дивиот свет, објавено од американските медиуми. Северната слатководна риба живее во северна Кина, Азија, но, забележана е во Џорџија, како и 14 други американски држави.

Овие риби можат да пораснат до еден метар во должина. Наводно, оваа риба е голема закана за речниот свет – се храни со риби, водоземци, безрбетници.

Тоа претставува закана за домородните речни видови, предупредуваат американските научници, додавајќи дека рибата е особено агресивна кога го брани потомството. Таа се мрести неколку пати годишно и може да има до 100.000 јајца.

Таа дури развила респираторен систем што и овозможува да дише и на копно. Неколку дена може да преживее без вода, што е доволно време за да најде ново водно живеалиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi