Планирале нешто страшно: Во Германија е уапсено балканско семејство!

8 мај, 20190
policija

Во германскиот град Оберхаузен, во текот на ноќта беше извршена голема антитерористичка операција, во која беа уапсени осум лица, објави Билд.

Околу четири часот наутро 150 полицајци влегоа во седумте куќи кои се во сопственост на големо семејство во Оберхаузен. Тие се сомневаат дека станува збор за терористичка ќелија.

Портпаролот на полицијата, Улрих Фасбендер, изјави дека членовите на семејството се осомничени за соработка со ИСИС и финансирање на терористички организации.

Се напоменува дека засега нема докази дека семејството планирало терористички напад. Уапсени се вкупно осум жени и мажи на возраст од 19 до 58 години. Седум од нив имаат германски пасоши, но дојдени се од Балканот, пишува Билд. Едно лице од БиХ.

Сите се притворени и денес ќе бидат испрашувани, по што ќе се донесе одлука дали ќе бидат задржани во притвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi