Се разведува најбогатиот човек на светот
Американскиот милијардер Jeff Bezos основач на компанијата Amazon и најбогатиот човек на Forbs листата, денес објави дека се разведува после 25 години брак.
„Сакаме да ги известиме луѓето за новостите во нашите животи, решивме да се разведеме и да продолжиме како пријатели. Остануваме семејство, остануваме драги пријатели“, изјавија Jeff и MacKenzie Bezos на неговиот Twitter.
Тие наведоа дека во текот на една четвртина век биле „соработници во компании и на проекти“.
MacKenzie Bezos (48) инаку е писателка.
Таа е една од првите вработени во Amazon, а во 2014. година формираше организација против злоставување – ByStander Revolution.
Тие имаат четири деца, а се запознале додека двајцата работеле за инвестициска компанија D. Е. Shaw, долго пред основањето на Amazon.
Постои легенда дека дел од стратегискиот план за Amazon е напишан за време на нивното патување од Њујорк до Сиетл.
Богатството на Jeff Bezos се проценува на 137 милијарди долари.