Сите тврдат дека оваа слика може да открие дали сте под стрес за само една секунда, но вистината е потполно поразлична

10 јануари, 20190
stres

Дали оваа слика може да открие дали сте под стрес?

На социјалните мрежи се појави оптичка илузија, која наводно може да открие дали и колку сте под стрес. Доволно е само 1 секунда да ја гледате сликата за да го одредите нивото на стрес во вашето тело. Доколку сликата мирува, мирни сте, ако се движи малку, под стрес сте, а ако се движи како вртелешка, тогаш сте под голем стрес.

Овој бесплатен стрес тест е развиен од јапонскиот невролог Јамамато Хашима, а самата слика е дело на Јуриј Пепеди, дизајнер од Украина.

Сликата е заснована на работата на Акиоши Китаоке, јапонски професор по психологија, кој е специјализиран за визуелна перцепција и илузија. Сепак, се чини дека работите не се баш такви како што ги претставуваат на социјалните мрежи.

Веб-страницата специјализирана за откривање на онлајн измами, Snopes, тврди дека сликата не може да се користи како средство за дијагностицирање и дека јапонскиот психотерапевт Јамамото Хашима нема никаква врска сo оваа слика, поточно, тој воопшто не постои.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *