Случајно пронашол надгробен споменик: Не можел да поверува кој е погребан таму веќе 137 години!

31 јануари, 20190
zajak 1

Прво помислил дека станува збор за обично парче бетон, но кога се приближил, сфатил дека е надгробен споменик.

Необичниот надгробен споменик го пронајде еден пензионер од Источен Сасекс во Англија додека се шетал низ паркот.

Сид Саундерс е љубител на фотографии, па така тој во прошетка во природа никогаш не оди без фотоапарат. Така беше и оној ден кога наишол на еден споменик. Прво помислил дека станува збор за обично парче бетон, но кога се приближил, сфатил дека е надгробен споменик.

Следниот ден, тој дошол со прибор за да го исчисти споменикот од мов и видел дека на него е нешто изгравирано. Но, тој не помислил дека некој некого би закопал на такво место.

Меѓутоа, кога погледнал малку подобро, му станало јасно за што станува збор. Споменикот е стар 137 години, а посветен е на еден зајак. Зајакот Дучи очигледно бил нечиво милениче, а кога умрел, сопствениците го погребале во паркот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *