25 јуни, 2019

Радио

Она што го доживеал Јужноафриканецот Рајнер Шимф (51) за време на нуркањето е слично на библиската приказна за Јон. Имено, Рајнер нуркал недалеку од градот Порт Елизабет, снимајќи сардини кога за малку ќе го проголтал кит!

“Тој само што се појави под мене, ги проголта рибите и ме вовлече и мене”, вели Рајнер, чии нозе висеа од устата на китот.

Остатокот од тимот со неверување ја гледаше оваа сцена.

Почувствував притисок околу половината и веднаш знаев што се случило. Китот случајно ме вовлече во неговата уста, заедно со неговиот главен оброк, сардините”, рече Шимпф, наградуван експерт за изучување на подводниот свет со 20-годишно искуство.

За среќа, огромниот цицач видел дека нешто не е во ред, па тој самиот го плукнал. Рајнер се извлече без повреди. Кога видел дека сè добро поминало, се вратил во водата.

Остави коментар

Почетна // вести // Снимајќи риби, се појави кит кој за малку ќе го голтнеше!
Горе