Зајак или гавран? Видео кое предизвика расправија низ целиот свет!

21 август, 20190
Capture

На социјалната мрежа Twitter, се појави видео кое предизвика расправија, бидејќи некои гледаат гавран, а некои зајак. Дан Квинтана, момчето што го објави видеото, во описот напиша: „Зајаците сакаат кога ги галите по носот“.

Видеото предизвика лавина реакции. Корисниците на социјалните мрежи почнаа да пишуваат коментари дека гледаат гавран кој се гали по главата. „Мислам дека нешто не е во ред со вашиот зајак“, напиша еден корисник.

– Дали сум на некаква дрога? Гледам гавран, видов зајак, но сега откако напиша, гледам само птица. Дефинитивно е птица поради шилецот, но можам да видам зошто гледаме и зајак, напиша таа.

Некои коментатори се убедени во првата опција, додека други не можат да поверуваат дека не секој ја гледа птицата.

– Седам овде цело време гледајќи некој како гали гавран со отворен клун и мислам „зајак 2“ – е една од реакциите на збунетите корисници на Тwitter.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *