25 јуни, 2019

Радио

Поранешната сопруга на Џони Деп,  Амбер Хелд има нова љубов. Имено, фаталната актерка е фотографирана како се бакнува со 32-годишниот аргентински режисер Енди Мушети на улица во Лос Анџелес пред неговиот приватен дом.

Амбер пред Енди беше во врска со уметникот Вит Шнабел, а последен пат тие беа видени заедно во јануари оваа година, пишува B92.

Пред Вит, Амбер беше во брак со холивудската ѕвезда Џони Деп. Бракот траеше помалку од три години, по што актерката го обвини за физичко насилство. Џони неодамна одговори со обвинение од 50 милиони долари, тврдејќи дека Амбер измислилa сè.

Остави коментар

Почетна // Забава // Amber Herd има нова љубов: Убавицата е фатена во страствен бакнеж
Горе