Ариана Гранде откри што навистина мисли за својата восочна фигура во музејот Мадам Тисо

30 мај, 2019
ariana

Пејачката не е задоволна.

 Еден од индикаторите за популарноста на некои ѕвезди е одговор на прашањето е дали нивната фигура е во музејот за восочни фигури Мадам Тисо. Ако одговорот е да, тоа значи дека станува збор за голема ѕвезда. Нивните восочни фигури во просек се успешни, но секогаш постојат исклучоци. И еден од тие исклучоци е восочната фигура на поп-ѕвездата Ариана Гранде.

View this post on Instagram

It's the thought that counts. #CommentsByCelebs

A post shared by Comments By Celebs (@commentsbycelebs) on

Малку бизарна фигура залута во музејот и збуни многу фанови кои со нетрпение го чекаа моментот кога ќе ја имаат можноста да се фотографираат со неа. За да биде уште посмешно, самата Ариана искоментира на објавата со хумористичен коментар „I just wanna talk“. Нејзиниот коментар го сподели Instagram профилот Comments By Celebs кој ги следи коментарите на ѕвездите на социјалните мрежи.

Дали пејачката може да влијае за промена на фигурата или за нејзино евентуалното отстранување од музејот? Ние веруваме дека музејот ќе се обиде да најде задоволителен компромис за двете страни.

View this post on Instagram

🌙

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on