17 септември, 2019

Радио

Иако во својата песна “Thank u, next” изјави дека тие двајца не се добра комбинација, изгледа дека се предомислила!

Ariana Grande по раскинувањето со комичарот Pitt Davidson, во неколку наврати изјави дека ужива бидејќи е сама и како во некои моменти мисли дека ќе остане „соло“ цел живот. Но, според TMZ, пејачката е видена во друштво на поранешеното момче, раперот Big Sean.

Тие се видени како заедно го напуштаат музичкото студио и се дружат во автомобилот со едно од нејзините кучиња. Иако можеби станува збор само за пријателство, фановите на Ariana веднаш поверуваа дека овој пар ја обновува нивната неуспешна романса, бидејќи во видеото за песната “Thank You, Next” Ariana на почетокот во книгата напиша дека Sean е сладок и дека се уште може да ја има. Инаку, Ariana и Big Sean беа заедно една година, а раскинаа во 2015. година.

Остави коментар

Почетна // Забава // Ariana Grande сепак се смири со поранешното момче?
Горе