20 август, 2019

Радио

Најпознатата plus size манекенка во светот Ashley Graham наскоро за прв пат ќе стане мајка, а веста доаѓа на деветтата годишнина од бракот со нејзиниот сопруг Justin Ervin.

Нејзините обожаватели веднаш ја поплавија со честитки и убави желби, воодушевени од веста.

– Пред девет години, се омажив со љубовта на мојот живот. Беше прекрасно патување со мојата најомилена личност на светот. Денес се чувствуваме толку благодарно, возбудено и благословено што можеме да го прославиме семејното проширување. Среќна годишнина. Животот ќе стане уште поубав“, напиша Ashley, со видеото на кое веќе се гледа трудничко стомаче.

Остави коментар

Почетна // Забава // Ashley Graham објави прекрасни вести на деветтата годишнина од брак: Животот сега ќе биде уште поубав!
Горе