Без сомневање таа е најгалената ѕвезда: Џенифер Лопез предизвика хаос во емисијата

8 октомври, 20190
j lo

Иако ја обожаваме, неспорно е дека ниту една ѕвезда нема почудни барања.

Една од најпопуларните пејачки и актерки во светот се согласи да биде гостин во емисијата This Morning, зад која стои познатиот водечки тандем Филип Скофилд и Холи Вилоуби.

Сепак, таа имаше барање што требаше да го исполнат организаторите на шоуто доколку сакаат Џенифер Лопез да ги посети.

Како што истакнаа водителите, во бекстејџот се создал вистински хаос кога Џеј Ло побарала во телевисиското студио да ја чекаат топлол кекс и ладно млеко.

„Една од тајните што Џеј Ло никогаш не ја спомна, е нејзината љубов кон млекото и кексот“, откри Филип пред камерите.

„Да бидам попрецизена, кексот се загрева до совршена температура со чаша полномасно ладно млеко“, додаде неговата колешка Холи.

– Тоа е она за што инсистираше тимот на Џенифер, па дојде до вистински хаос затоа што бевме загрижени дека температурата на кексот не е соодветна. Ако ја сакате вистинската тајна за феноменалниот изглед на Џенифер во педесеттите години, тоа е тоа – се пошегува Скофилд.

Ова не е прв пат да чуеме дека Џеј Ло има невообичаени барања. Така, пред неколку години, беше објавено дека Џенифер за време на турнејата барала секоја соба која влегува во нејзиниот хотелски пакет да биде потполно бела, со бели детали и бели рози кои ја чекаат на секој чекор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi