Бијонсе и Џеј-Зи очекуваат четврто дете?

7 октомври, 20190
bbb

Една од најпознатите пејачки во светот, 38-годишната Бијонсе ги воодушеви обожавателите со нејзината последна објава. Поточно, таа заблеска на отворањето на филмското студио на нејзиниот пријател Тајлер Пери. Целата вечер беше во друштво на нејзиниот сопруг, 49-годишниот рапер и продуцент Џеј Зи, а само еден детаљ го привлече вниманието на многу фанови.

Во тесниот жолт фустан, Бијонсе го потенцираше секој сантиметар од нејзината фигура. Таа го искомбинира со дијамантски накит и едноставни сандали со високи потпетици, а косата во долга плетенка. Како и да е, фановите не можеа да не го забележат стомакот кој се надѕираше под фустанот, па набргу следуваа многу коментари, во кои обожавателите прашуваа дали музичкиот пар очекува ново дете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *