24 јануари, 2020

Радио

Иако ретко се појавуваат во јавноста, славната брачна двојка, пејачката Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи, никогаш не поминуваат незабележани. Така, минатиот викенд се појавија на 50-тиот роденден на музичарот Шон Диди Комбс во Лос Анџелес, а тоа што се случи на забавата, многумина ги изненади.

View this post on Instagram

Happy Birthday Diddy!

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Додека интернетот е преплавен со фотографии од аутфитот што го носеше 38-годишната дива, фановите кои не присуствуваа на забавата, нормално е дека сакаат да видат повеќе. Оние што беа таму, се разбира, сакаа да им го дадат на обожавателите она што го бараат – но, на 50-годишниот рапер тоа не му се допадна.

Поточно, според видеото кое кружи на социјалните медиуми, некој на забавата на Диди, додека танцувал, со својот мобилен телефон ги снимал Бијонсе и нејзината добра пријателка Кели Роуланд додека танцуваат. Штом Џеј тоа го забележа, му го зграби мобилниот телефон од засега непознат „снимател“.

Во моментов е нејасно дали музичарот сакал да спречи видеото од неговата сопруга да се појави на Интернет, но евидентно е дека присуството на другите покрај неа јасно го вознемирува. Како што пренесува Е! News, претставникот на медиумот побарал објаснување за инцидентот од парот, но не добил одговор.

Остави коментар

Почетна // Забава // Бијонсе танцуваше на забавата, а нејзиниот сопруг реагираше агресивно
Горе