Дали ѕвездата од „Desperate Housewives“ ќе оди во затвор? Felicity Huffman ја даде првата изјава
Актерката Felicity Huffman се изјасни за виновна за обвиненијата, кои вклучуваат „користење на мито и други облици на измама” во случајот за измамата за приемните испити на американските универзитети. Huffman даде изјава, во која за прв пат јавно зборуваше за скандалот.
– Ја прифатив мојата вина и длабоко жалам и се срамам од она што е направено. Ја прифаќам одговорноста за моите постапки и последиците што произлегоа од нив “.Таа додаде: „Мојата ќерка не знаеше апсолутно ништо за моите постапки, и на длабоко погрешен начин ја предадов. Ова е престап кон неа и кон јавноста што ќе го носам до крајот на мојот живот. Мојата желба да и помогнам на мојата ќерка не е изговор за кршење на законот или за учество во некаква нечесна работа“.
Додека Felicity се изјасни за виновнa и жали за направеното, нејзината соучесничка и колешка Lori Loughlin, позната од серијата „Full House“, пред судницата потпишуваше автограми со голема насмевка на нејзиното лице.