Дали сте ја виделе посреќна? Ријана ги изненади фановите со убава фотографија од болница

30 октомври, 20190
рири

Пејачката од Барбадос, 31-годишната Ријана, изненади многу обожаватели откако на својот Instagram профил сподели фотографија на која позира со новороденче. Имено, пејачката реши да се пофали со среќната вест, а воодушевените обожаватели ја преплавија со честитки и добри желби.

View this post on Instagram

Aunty Oh NaNa x JJ

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

„Толку сум многу благодарна што бев присутна на твоето доаѓање на овој свет. Тетка ти веќе многу те сака. Честитки до семејството Дејвис, Џен која ова дело го направи да изгеда лесно и на Арон кој е одличен татко ’, напиша гордо под фотографијата на која позира со новородениот син на Џен Розалес, нејзината асистентка и менаџерка.

„Честитки“, „ќе бидеш одлична тетка“, „сега е твој ред“, се само неколку од коментарите. Патем, Ријана последниве две години е вљубена во саудискиот милијардер Хасан Џамел, но неодамна ја потврди нивната врска. „Да, долго време сум во врска и многу сум задоволна“, рече таа во интервју за „Vogue“, во кое на прашањето дали сака да има деца, таа кратко и без размислување одговори: „Без сомневање“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *