Дејвид Бекам денес полни 44 години: Симболична фотографија и слатка честитка од сопругата Викторија

2 мај, 2019
давид

Дејвид Бекам, еден од најзгодните спортисти во светот, денес наполни 44 години, а неговата сопруга Викторија му упати слатка порака преку социјалните мрежи.

Бекам е познат по бројните тетоважи, а повеќето се оние со имињата на неговите деца и сопруга, па Викторија со таква фотографија одлучи да му покаже колку го сака.

Со фотографија од Дејвид на која пишува „Викторија – ослободени соништа”, познатата дизајнерка напиша слатка посвета.

– Среќен роденден, Дејвид. Ти си нашето СЕ. Те сакаме многу.