Дури и не ја кријат причината: Познатите убавици одбија да пејат со Адел!

12 ноември, 20190
adel

На концертот кој се одржа во јуни годинава, постоеше можност тие да настапат заедно, но за нив тоа беше неприфатливо.

Членовите на музичката група „Spice Girls“ се собраа неодамна и веќе извесно време настапуваат заедно! За жал, меѓу нив не е Викторија Бекам, но остатокот од тимот е тука и фановите ширум Велика Британија ги поздравуваат радосно како порано.

Последниот концерт се одржа во јуни годинава, кога се шпекулираше дека Spice Girls одбиле да настапат со Адел бидејќи се плашеле дека тие ќе останат во втор план и дека ќе им ја украде целата слава.

– Слушнав дека сакаше да настапи на нашиот концерт и така, иако ние сме ѕвезди на вечерта, нас да нè стави во втор план, а себеси да се доведе во центарот на вниманието. Се разбира дека одбивме, кој друг сака да пее со Адел? – рече Мел Би.

Таа исто така искоментира и за фактот дека, за жал, Викторија Бекам не е со нив на сцената.

– Викторија е зафатена жена. Нема време, а и се откажа од настапот. Таа имаше многу трема кога настапувавме како група на Олимпискиот стадион во Лондон 2012. година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *