Џастин Бибер едвај чека да стане татко
11 октомври, 20190
Младата музичка ѕвезда Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин ги обновија своите завети за годишнината од бракот, а според најновата објава на популарниот пејач на Инстаграм, тие не можат да дочекаат да станат родители.
Тој објави видео од преслатко девојче кое си игра со нејзиниот татко, жалејќи се дека Хејли и тој ќе бидат во голема неволја поради нивните карактери кога ќе добијат дете.
Оваа желба не е изненадување, имајќи предвид дека уште во 2011. година тој во интервју за WWD изјави дека сака да биде млад татко.
– Сакам да бидам во брак на 25 или 26 години. Сакам да бидам млад татко “, рече тогаш.